Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Фудбалер колабирал и почнал да се тресе, натпреварот веднаш прекинат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Фудбалер колабирал и почнал да се тресе, натпреварот веднаш прекинат

Страшна сцена е видена во текот на ноќта на натпреварот помеѓу Естудијантес и Бока Јуниорс кога црвено-белиот играч Хавиер Алтамирано колабирал на теренот.

Имено, се играше 26. минута кога се случи вознемирувачката сцена на натпреварот од аргентинскиот шампионат.

Алтамирано колабирал и паднал во прегратките на фудбалерот Енцо Перез, кој веднаш се обидел да му помогне.

Следувале страшни сцени, а Алтамирано со брза помош бил префрлен во болница.

Натпреварот беше прекинат и не продолжи, а поради тешката ситуација се расплака Перез. Сепак, за среќа за време на ТВ преносот коментаторите објавија дека Алтамирано се вразумил и дека е свесен.

Подоцна стигна потврда од болницата, како што известија и рекоа дека фудбалерот е стабилен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни