Македонија

Докторка земала поткуп во клиничката болница во Битола – МЗ: Иницираме постапка за утврдување на дисциплинска одговорност

Докторка земала поткуп во клиничката болница во Битола – МЗ: Иницираме постапка за утврдување на дисциплинска одговорност

Докторка примила поткуп во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола.

Според информациите, таа била затекната при примање на поткуп, а во моментов на терен се ОЈО Битола и СВР Битола и се преземаат дејствија.

За случајот веднаш се огласија и од Министерството за здравство од каде најостро го осудуваат секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем.

„Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури.

Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство.

Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем.

Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности“, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност“, велат од МЗ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни