42-годишниот државјанин на Македонија бил одбиен. Германската граничната полиција покренува кривична постапка за обид за неовластен влез.
Граничната полиција во Меминген во неделата попладне проверила 42-годишен државјанин на Македонија на аеродромот Алгау. Според полицијата, мажот сакал да влезе во Германија. Меѓутоа, официјалните лица утврдиле дека тој не ги исполнувал условите за влез во Германија.
Службениците имаа и информации дека човекот бил илегално во Германија над 128 дена за време на неговиот последен престој.
Службениците му одбиле влез на човекот и му наредиле да се врати со следниот авион за Македонија. Против него покренаа и кривична постапка за обид за неовластен влез според Законот за престој.