Вратете ја белината на вашите завеси

Сигурно сте пробале многу начини да ја вратите белината на вашите завеси. Но, сончевите зраци, готвењето или евентуално пушењето во куќата се фактори што влијаат завесите да станат сиви, а стандардните детергенти не помагаат.

Постои едноставен трик со кој вашите завеси повторно ќе заблескаат со снежно-бела боја.

Се што ви треба е оцет, и тоа бел алкохол.

Ставете половина чаша бел алкохолен оцет во машината заедно со завесите, во барабанот и горе во делот од стандардниот детергент што и онака го користите. Тие ќе излезат целосно бели. Можете исто така да ги избелите сивите крпи, постелнина или чаршафи на ист начин.

Не грижете се за мирисот, тој целосно ќе исчезне за време на перењето, пишува Good Housekeeping. Покрај тоа, оцетот е природен омекнувач на ткаенина што дополнително ќе ги омекне вашите алишта.