Српскиот претседател Александар Вучиќ меѓу 10 и 15 октомври ќе одлучи дали ќе ја прифати поканата на рускиот претседател Владимир Путин за состанокот на БРИКС.
Вучиќ рече дека добил покана од Путин пред десетина дена да се приклучи на самитот на групата БРИКС на пазарни економии во развој, што се одржува од 22 до 24 октомври во рускиот град Казан, но рече дека ќе има важни гости од странство. Тој денеска истакна дека неговата вчерашна изјава не е директен демант.
Се вчитува...
„Реков „ќе видиме“, само реков дека имам однапред договорени посети и потоа реков „ќе видиме“, посочи Вучиќ.
