Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на прес-конференцијата рече дека Мини Шенгенот е нешто најдобро што се има случено на Балканот.
„Тоа е нешто најдобро што се има случено во последните 30 години. Она за кое земјите не можеа да се договорат толку долго време, ние седнавме и се договоривме за 1 час. Седнавме, и рековме: вие Србите знаете за ова, вие Македонците за она, и се согласивме“, рече Вучиќ на прес-конференцијата со Пендаровски.