„Ние сме најдобри пријатели на Северна Македонија и не сакаме ништо за возврат од нив, само да бидеме пријатели и браќа“, вели претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Ние сме најголемите пријатели на Северна Македонија. Кој им е поблизок од Србија? Ние сме единствените кои не сакаме промена на име, знаме, јазик или што било друго. Го сакаме македонскиот народ. Освен што сме во најдобри можни односи, треба да бидеме пријатели и браќа“, рече тој.
Тој ја коментираше неодамнешната анкета на Опсерваторијата за влијание и имиџ на државите, објавена на 15-ти април и покажа дека 39 отсто од Македонците ја сметаат Србија за најдобар пријател на нивната земја. Бугарија е на последното место меѓу соседните земји.
На второ место се САД со 17% позитивни одговори. ЕУ доби само 8 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето.