Свет

Вучиќ разговарал со Путин, објавeно за што!

Вучиќ разговарал со Путин, објавeно за што!

Српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со неговиот руски колега Владимир Путин во неделата рече дека се надева оти Србија нема да воведе санкции кон Русија и се заблагодари на Москва за поддршката на територијалниот интегритет на Србија.

„Изразив надеж, исто како и пред две и пол години, дека Србија нема да воведе санкции кон Руската Федерација, исто како што изразив исклучителна благодарност за поддршката на нашите напори во ОН за прашања од различни резолуции, а особено за постојаната поддршка за територијалниот интегритет на Република Србија“, рече Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм по неговиот телефонски разговор со Путин.

Во тој разговор, првиот по речиси две и пол години, како што рече Вучиќ, а одржан по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна, српскиот претседател му се заблагодари и на Путин што на Србија и обезбедил доволни количини гас „по многу поволни цени“ за оваа зима.

Србија води пристапни преговори со Европската унија, но од друга страна не стои на заедничката европска надворешна политика кога станува збор за воведување санкции кон Русија.

„Во секој случај, верувам дека тоа ќе придонесе за понатамошен развој на српско-руските односи и дека ќе можеме не само да си помагаме, туку и да ја развиеме довербата меѓу нашите народи и држави“, нагласи Вучиќ.

Тој, исто така, изјави за новинарите дека Путин го покани да присуствува на комеморацијата на 80-годишнината од победата над нацизмот на 9 мај следната година.

„Путин ме покани однапред, бидејќи денес е 80-годишнината од ослободувањето на Белград, да присуствувам на 80-годишнината од победата над нацизмот како претседател на Република Србија на 9 мај“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни