Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека црвената безбедносна тревога најверојатно ќе важи до вторник.
Мислам дека до вторник ќе решиме се и дотогаш се ќе биде во ред“, изјави Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва.
Тој даде дополнителни детали за вчерашниот напад на израелската амбасада и нејзиното обезбедување, велејќи дека напаѓачот бил исклучително добро обучен и дека стрелката ја испукал додека држел самострел во чантата, така што нападот бил сосема неочекуван.
Вучиќ оценил дека нападот бил со предумисла, но дека напаѓачот не очекувал жандармот да возврати.
Секоја чест за џандарот за неговата присебност и храброст. Постапил според правилата на службата и го убил злобникот“, рече Вучиќ и додаде дека храбриот припадник на МУП ќе биде одликуван.
Припадникот на жандармеријата Милош Јевремовиќ (34) вчера е ранет во напад пред израелската амбасада во Белград, кога бил погоден од самострел во вратот.
Тој пукал во напаѓачот, кој починал.