Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во добра здравствена состојба и останува закажаната средба за в петок со македонскиот претседател Стево Пендаровски, потврдуваат за ТВ21 од двата кабинети на претседателите.
Според информации на ТВ21, стабилна е здравствената состојба на Вучиќ и во текот на утрешниот ден ќе биде пуштен од болница.
За потсетување, Александар Вучиќ вчера беше итно хоспитализиран поради проблеми со срцето. Српскиот претседател бил примен на Воено-медицинската академија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија.
Од Белград за ТВ21, Јовица Пауноски.