Од Министерството за внатрешни работи за 4NEWS.mk информираат дека во периодот од 1-ви мај до 25-ти август година, приведени биле вкупно 15 лица поради сомнение за предизвикување пожари низ Македонија.
„Почитувани во врска со Вашето барање за бројот на приведени лица за предизвикување пожари Ве информираме дека во период од 01.05.2026 година заклучно со 25.08.2026 година, лишени се од слобода 15 лица“, велат од МВР за 4NEWS.mk.
Од надлежните институции потврдуваат дека соодветните мерки и активности на терен продолжуваат со цел санкционирање на сите одговорни лица кои ја загрозуваат безбедноста и животната средина.