Македонија

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село Огут и српско Калово

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село Огут и српско Калово

По повод Денот на независноста, 8 Септември, жителите од пограничните региони на Македонија и Србија повторно ќе можат традиционално да се сретнат и заеднички да го прослават празникот. За таа намена, на 8 септември 2026 година ќе биде пуштен во употреба привремен граничен премин меѓу селото Огут (Општина Крива Паланка) и селото Калово (Општина Трговиште, Р. Србија).

Според информациите од Општина Крива Паланка, преминот ќе биде отворен исклучиво за пешаци кај граничниот камен 12 во село Огут, во следниве термини:

  • Датум: 8 септември 2026 година (вторник)
  • Работно време: Од 09:00 до 23:30 часот
  • Режим на премин: Исклучиво за пешачко движење

Оваа иницијатива е дел од долгогодишната традиција за организирање народен собир и овозможува непречено празнично дружење на граѓаните од двете страни на границата. Локалните власти упатуваат отворена покана до сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни