Македонија

За три месеци во Македонија разведени 301 брак

За три месеци во Македонија разведени 301 брак

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените се 4 453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9.8 %.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4 747 лицa, а од нив 8 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, – 294 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во третото тримесечје од 2023 година се склучени 4 116 бракови, што претставува намалување од 11.4 % во споредба со истиот период од  2022 година.

Во ова тримесечје се разведени 301 брак.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни