Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола ги информира граѓаните дека е строго забрането капење, пливање и задржување во сите хидротехнички објекти на хидросистемот „Стрежево“, вклучувајќи ја и рекреативната зона „Акумулација Стрежево“.
Причината за оваа забрана, како што соопштуваат од претпријатието, е сериозна опасност по живот, предизвикана од можноста за нагло полнење и празнење на системот, како и од опасност од вшмукување во цевководот.

Од ЈП „Стрежево“ нагласуваат дека не сносат одговорност за евентуални несреќи, повреди или смртни последици кои би произлегле од непочитување на оваа забрана.
Граѓаните се повикуваат на максимална претпазливост и почитување на предупредувањата и знаците поставени во близина на акумулацијата, со цел заштита на сопствениот живот и безбедноста на сите посетители.