Македонија

Забрана за тешки товарни возила на патот Струга – Ќафасан поради снежни врнежи

Забрана за тешки товарни возила на патот Струга – Ќафасан поради снежни врнежи

Од 19:30 часот, поради интензивни врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

Снежните врнежи предизвикуваат отежнати услови за возење и опасност од сообраќајни незгоди, поради што оваа мерка е преземена како превентивна.

Се апелира до возачите на товарни возила да не се упатуваат по оваа делница додека не се подобрат временските услови, а останатите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување и обезбедување на патот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни