Македонија

Забранети 173 нови нелегални приредувачи на онлајн-игри на среќа

Забранети 173 нови нелегални приредувачи на онлајн-игри на среќа

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, соопшти дека се забранети 173 нови нелегални приредувачи на онлајн-игри на среќа. Веста ја објави на својот официјален профил на Фејсбук, нагласувајќи дека борбата против нерегулираните онлајн-платформи продолжува со засилено темпо.

„Апелирам до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие нелегални страници на несигурен и небезбеден начин. Никој не може да нè заштити ако не се заштитиме сами!“, порача на ФБ министерот Андоновски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни