Македонија

Заеднички концерт на воените оркестри на армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка

Заеднички концерт на воените оркестри на армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка

Воените оркестри на Армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка “USAREUR-AF” во градскиот парк кај „Школка“ во Скопје, денеска, ќе одржат едночасовен заеднички концерт.

На концертот кој е дел од предвидените интерактивни активности со граѓаните во пресрет на меѓународната вежба “Брз одговор 23” (Immediatte response 23) посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе џез, поп, рок и соул нумери со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки на пријателство и мир.

Воените оркестри на двете сојузнички армии како дел од армиската соработка, веќе традиционално пред почеток на поголемите вежбовни активности одржуваат заеднички концерти.

Воениот оркестар на армијата на САД за Европа и Африка вчера имаше и самостоен настап на плоштадот во центарот на Скопје, се наведува во соопштението на канцеларијата на Генералштабот за односи со јавноста.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни