Македонија

Заев му честиташе на Макрон за победата – „Нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа“

Заев му честиташе на Макрон за победата – „Нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа“

Поранешниот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил објкави дека од трибина од Струмица организирана од Амбасадата на Франција во Северна Македонија му честитал нов мандат на претседателот Емануел Макрон.

„Реков дека тој донесе нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа. Постојано се навраќам и се сеќавам на убавиот спомен и на пораката “По патот, напред!” испишана со негов ракопис на една од нашите средби. Кога треба да се донесе одлука меѓу либерализам наспроти конзервативизам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста“, пишува Заев.

Тој додава дека во неговиот говор во Атина пред неколку дена истакнал дека ја оспорува тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа.

„Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница.Се радувам на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода“, додава Заев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни