Македонија

Заев: Покажана е морална одговорност – за оставките може нема да ги прифатам…

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш коментираше околу оставките на Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани. Тој рече дека можеби ќе ги прифати, можеби и не, но и дека мора добро да се размисли што потоа, кој ќе ја менаџира кризата, кој ќе го води здравството и болницата во Тетово.

„Го разбирам гневот, го имаме сите, го имам и јас, болката е голема. Не може да разреувате министри, влада па да водите сметка. Мора да ги дадете соодветно одговорите. Што ќе правиме, некој да се учи неколку месеци. Што после тоа? Имаме коронавирус.
Ако ги вратиме животите на овие луѓе.

Сите сме кретаори на оваа земја. Како сите земји така и ние ги поставивме за да не бидат примени луѓето на паркинзите. Се работи за модуларни контејнери изработени во фабрика на друго место. Секаде во светот се така поставени“, рече Заев и додаде:

„Оставките може нема да ги прифатам, може ќе ги прифатам, но моралната одговорност е покажана“, рече Заев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни