Премиерот Зоран Заев, околу претседателските избори и наоѓање консензуален кандидат, рече дека тоа е одговорност на сите политичари и политичките партии, за заедно да изнајдат Претседател прифатлив за сите. Додава дека треба да ангажираат експерти, да се направат добри анализи и да се најде прифатлив кандидат за сите граѓани.