Загина 20-годишно момче од прилепско, тешка несреќа на патот Македонски Брод–Прилеп

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното