Македонија

Загина 24-годишно момче на патот Прилеп – Ресен, телото оди на обдукција!

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен.

Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.

Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни