На 23.07.2024 во 13.25 часот во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово се пријавил А.К.(30) од тетовски Порој, кој бил со патничко возило „бмв х5“ со швајцарски национални ознаки со кое учествувал во сообраќајна несреќа со велосипед, која била пријавена во СВР Тетово на 22.07.2024, а во која велосипедистот им подлегнал на повредите во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Возилото е задржано за вонреден технички преглед и криминалистичко-техничко вештачење.
Известен е јавен обвинител и ќе следува соодветен поднесок.