Македонија

Загинаа маж и жена: МВР со детали за страшната несреќа на експресниот пат Прилеп-Градско

Загинаа маж и жена: МВР со детали за страшната несреќа на експресниот пат Прилеп-Градско

На 06.08.2025 околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(60) од Делчево, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни