Захариева вели дека се чини како Пендаровски да работи за интересите на Русија и Србија – „Го кочи развојот на односите меѓу Софија и Скопје“
Агресијата врз македонските Бугари се одвива во отсуство на акција на македонските власти, а извинувањата и ветувањата не се доволни.
Ова го изјави поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за агенцијата БГНЕС.
На прашањето за барањето на претседателот Пендаровски, одредени политичари од Бугарија да се прогласат персона нон грата и да им се забрани влез во Македонија, Захариева вели дека македонскиот претседател не работи во интерес на својата татковина, туку служи на политиката на Србија и на Русија на Балканот.
Захариева вели дека Пендаровски со своите изјави го кочи развојот на односите меѓу Софија и Скопје.
„Јас не сакам да давам оценки за политичарите во Северна Македонија. Сакам да покажеме различен пристап. Во овој момент реагирам на неговите изјави кои не се прифатливи, а кои се предложени до Владата. Се надевам дека Владата нема да го прифати ова негово барање затоа што тоа уште повеќе ќе ги наруши односите помеѓу двете страни и всушност одат во прилог на таквите политичари од Бугарија кои не бараат дозвола за територијата на Северна Македонија“, вели таа.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни