Македонија

Закани кон Митко Јанчев: „Нема да умре од болест или старост“ – едно лице осомничено

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик.

Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатил закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.

Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена на осомничениот.​

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни