Утре напладне во 12 часот, како што беше најавено, ќе се одржи инаугурација во Собранието во салата „Македонија“.
Силјановска Давкова пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Мандатот на актулениот претседател и нејзин против кандидат Стево Пендаровски истекува утре.
Универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова ќе биде шестиот претседател на Северна Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.