Македонија

Закажана седницата, на 23 јули ќе се гласаат замениците-министри

Закажана седницата, на 23 јули ќе се гласаат замениците-министри

Собранието ја закажа седницата за замениците-министри во Владата за 23 јули, со што целосно би се комплетирал владиниот тим. Како што се посочува на собраниската веб-страна, седницата е закажана за во 11 часот, со дневен ред од три точки.

Освен точката за именувањето на замениците-министри, на дневен ред е и Предлог на законот за изменување на Законот за здравствената заштита – прво читање, со кои се укиннуваат економските директори во јавните здравствени установи и болници  и верификацијата на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни