Македонија

Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни, ќе преминат во надлежност на Правда

Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни, ќе преминат во надлежност на Правда

Владата на Република Северна Македонија ja разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата – Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни работи да преминат во надлежност на Министерството за правда.

Констатирано е дека Министерството за правда е ресорно министерство за Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност и носител на активностите при нивно евентуално изменување, односно донесување нови.

Во образложението на Министерството за внатрешни работи е наведено дека Законот за следење на комуникациите, беше донесен во април 2018 година, како резултат на спроведени суштински реформи на безбедносно-разузнавачките служби, а со цел имплементација на препораките на Групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (препораките на Прибе).

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни