Балкан

Запленет хероин вреден пола милион евра на границата меѓу Албанија и Црна Гора

Црногорската полиција на граничниот премин со Албанија, одземале 17 килограми хероин вреден пола милион евра. Тоа се случувало на граничниот премин „Божај“ кога бил уапсен албанскиот државјанин Е.А. (35) кој управувал товарно возило со приколка.

„Службениците пронајдоа и одзедоа 30 пакувања со содржина на прашкаста материја за која се смета дека е опојна дрога хероин тешка 17 килограми“, се наведува во соопштението на полицијата и царината на Црна Гора, додавајќи дека со оваа акција е спречене меѓународен канал за шверц на наркотици.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни