Македонија

Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo

Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo

Денеска (20.07.2025) околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(45) од с.Горно Палчиште, о.Боговиње.

При контрола на  патничко возило “ауди” со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари, 19 машинки за полнење на цигари и 98 килограми дробен тутун.

По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 278 б и 279 од КЗ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни