Македонија

Започна државната матура – прв предизвик за над 15.000 матуранти

Започна државната матура – прв предизвик за над 15.000 матуранти

Денеска, повеќе од 15.000 ученици од цела земја го започнуваат последниот дел од своето средношколско образование – државната матура. Прв на ред е задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература.

Најмногу матуранти полагаат на македонски јазик – 9.969 ученици, по што следуваат 4.339 на албански, 292 на турски и 10 на српски јазик. Испитите се спроведуваат во училишта кои ги исполнуваат условите според правилникот, а за останатите се обезбедени простории во факултети.

Вкупно 15.004 ученици се пријавиле за матурата – најмногу од стручните училишта (8.816), потоа од гимназиите (5.966), и 222 од уметничките училишта.

На 11 јуни следува изборниот екстерен предмет. Како и секоја година, најмногу ученици ќе полагаат англиски јазик (13.457). Покрај него, учениците избрале и математика, естетика, германски, француски, руски, италијански јазик и филозофија.

Процесот го следат околу 2.000 тестатори, а матурантите имаат на располагање пример-тестови на веб-страницата на ДИЦ, за подобра подготовка.

Оние што нема да ја положат матурата во јуни, ќе имаат втора шанса во августовската сесија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни