АМСМ информира дека граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за сообраќај.
Прекинот важи за сите видови возила и патници, како за влез, така и за излез од Република Северна Македонија.
Причините за затворањето не се наведени, а од надлежните институции се очекува дополнително известување за состојбата и времетраењето на прекинот.
Граѓаните се советуваат да користат алтернативни гранични премини при патување кон или од Косово.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.