Македонија

Затворена агенцијата „Рубикон“ по трагедијата во „Пулс“

Затворена агенцијата „Рубикон“ по трагедијата во „Пулс“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, соопштија дека агенцијата за обезбедување „Рубикон“ е затворена, откако беше утврдено дека нелегално ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ во која избувна трагичниот пожар.

Според Тошковски, одлуката за затворање на агенцијата била донесена уште во мај и доставена до Комората за обезбедување.

Дополнително, полицијата го уапси и вистинскиот сопственик на „Рубикон“, кој претходно не фигурирал во официјалните документи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни