АМСМ информира дека од 17 часот затворена за сообраќај е обиколницата од Клучка Арачиново до Клучка Приштина.
Претходно, од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце е пренасочен во двата правци поради појава на пожар на потегот по БП Дизел, спроти базата на „Гранит“.