Затвореник фатен со дрога во Шутка

На 22.08.2024 во 13.20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 12.45 часот, при вршење на претрес на лица и простории во установата, притвореникот Д.С.(45) фрлил марихуана и бела прашкаста материја во канта за отпадоци, кои биле пронајдени и одземени. Исто така, од него биле одземени шприц, ризли и други предмети. Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги подигнале дрогата и предметите за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.