Македонија

Затвореници од Идризово се заканувале на мајка дека ќе и го нападнат синот доколку не им даде пари!

Затвореници од Идризово се заканувале на мајка дека ќе и го нападнат синот доколку не им даде пари!

СВР Куманово поднесена кривична пријава против Ш.И.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Идризово, заедно со уште едно лице подолг период упатувале закани кон мајка на осуденик во истиот затвор да им даде пари за да не го нападнат.

Оштетената во неколку наврати им исплатила вкупно 14.965 евра.

После тоа, тие и побарале уште 12.700 евра, а откако им кажала дека нема толку пари, тие физички го нападнале нејзиниот син.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни