Емисијата „Daily Click“ успешно ја заврши својата летна сезона на ТВ21, со реализирани над 40 епизоди во текот на овој период. Секоја емисија беше уникатна, со разновиден профил на гости, кои го збогатија програмскиот концепт и понудија различни перспективи на актуелни теми.
Еден од најзначајните моменти на оваа сезона беше покривањето на 75-годишнината на НАТО, која се одржа во Вашингтон, САД. Екипата на ТВ21 беше на терен, каде што реализираше специјални репортажи, директни вклучувања, интервјуа со високи официјални лица, како и длабински анализи за значењето на самитот за глобалната безбедност и иднината на Алијансата.
Сезоната се карактеризираше со висока продукциска вредност, што ја потврди улогата на „Daily Click“ како релевантна емисија за информирање и дебата на актуелни прашања.
Во текот на летото, „DailyClick“ се емитуваше секој ден од 11 до 12 часот и брзо се наметна како емисија која го диктираше текот на денот. Со своето постојано присуство во утринскиот термин, успеавме да ја поставуваме агендата на настаните кои следуваа и да бидеме први во известувањето за најновите случувања, што ја зацврсти нашата позиција како водечка информативна платформа.
Со оваа успешна сезона зад нас, со нетрпение очекуваме да продолжиме со нови теми и предизвици, носејќи на публиката најнови информации и анализи на настаните кои ја обликуваат денешницата.
И во новата телевизиска сезона препознатливиот бренд на ТВ21 Daily Click ќе продолжи да се емитува од средината на септември.

