На рочиштето за 27 април, адвокатите на обвинетите ги дадоа завршните зборови. Тие побараа ослободителни пресуди за обвинетите. Во обвинението на обвинителството, за Митко Пешев се вели дека не постапувал според наредбите на тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу. Меѓутоа, неговата адвокатка, Павлина Зефиќ во одбраната побара ослободување на нејзиниот клиент. Таа рече дека такво нешто не се случило, бидејќи Агим Нухиу тој ден се грижел само за состојбата на терен и на Пешев не му дал ниту една задача. Адвокатката Зефиќ рече дека Обвинителството во ниту еден наврат не докажало дека Пешев извршил кривично дело.
И адвокатот на обвинетиот Душко Лазаров побара ослободителна пресуда за неговиот клиент. Адвокатот Звонко Давидовиќ во завршните зборови обвини дека највиновни за 27 април се амнестирани и не се обвинителна клупа. Според него, на неговиот клиент му се заканува казна затвор од 10 години минимум и дека Обвинителство ниту еднаш не докажало дека Душко Лазаров не постапувал според тоа што му било наложено. Тој исто така додаде дека неговиот клиент ноќта на 27 април не стапил во контакт со Агим Нухиу бидејќи и тој знаел дека Лазаров нема командна надлежност.
Во текот на денешното рочиште, адвокатката Павлина Зефиќ во обраќањето до судиите рече: Не дозволувајте да се коцка судбината на невини лица, а судијката на случајот рече: Од каде знаете вие дали јас се коцкам или не? Двајцата обвинети, од Обвинителството се товарат дека на 27 април не постапиле според своите надлежности и не дале команда за испраќање полициски сили во Собрание. Инаку, официјално, обвинетиот Душко Лазаров и натаму е дел од МВР.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ