Завршува грејната сезона!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и  Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона завршува на 15 април 2025 година и стартува т.н преоден период кој трае до 30 април.

Од утре па се до крајот на април, доколку  прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден  е еднаква или помала од 12 ºС снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното