Македонија

Здравствените работници со препораки: Умерено со алкохолот!

Здравствените работници со препораки: Умерено со алкохолот!

Здравствените работници препорачуваат умерено користење алкохол, редовно земање терапија за хронично болните, и воздржување од пиротехнички средства и оружје, со цел безбедни празници. Особен апел има за младите да избегнуваат алкохол и пиротехника за да се спречат несакани повреди.

Итната медицинска помош во Скопје ќе работи 24 часа за време на празниците, а на новогодишната ноќ дежурни ќе бидат поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Од Здравствениот дом апелираат за внимателност и соработка, посакувајќи среќни и безбедни празници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни