Македонија

Зеќирија Ибрахими: Благодарение на Алтернатива и коалицијата ВЛЕН, техничкиот персонал во болниците за првпат добива трајни договори за вработување

Зеќирија Ибрахими: Благодарение на Алтернатива и коалицијата ВЛЕН, техничкиот персонал во болниците за првпат добива трајни договори за вработување

Претседателот на Алтернатива, д-р Зеќирија Ибрахими, на средба со членови и активисти на партијата во Општина Сарај, ги истакна постигнувањата на коалицијата ВЛЕН во рамките на Владата на Република Северна Македонија, со посебен фокус на секторот здравство.

Ибрахими нагласи дека за првпат во историјата, техничкиот персонал во болниците, кој со години работел со договори на дело, сега добива трајни договори за вработување.

„Во областа на здравството за првпат беше донесена одлука техничкиот персонал во болниците, како медицински сестри, хигиеничари и други, кои со години работеа со договори на дело, конечно да бидат вработени со трајни договори. Покрај тоа, платите на здравствените работници беа зголемени,“ изјави Ибрахими.

Тој ја истакна важноста на овие промени, оценувајќи ги како значаен чекор за подобрување на условите за работа и статусот на здравствените работници.

Овие мерки, според Ибрахими, се дел од заложбите на коалицијата ВЛЕН за унапредување на социјалните и економските права на граѓаните, како и за подобрување на услугите во здравствениот сектор.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни