Зелениот пазар во Кичево речиси „мртов“! Има 5 или 6 функционални тезги и 3 продавачи на облека.
Работата овде полека почна да згаснува со текот на годините, но во последните 3 години е речиси празно, како што може да се види на снимката.
-Ваква е состојбата на зелениот пазар во Кичево, повеќе тезги се празни отколку полни, има само пет-шест луѓе кои работат во текот на неделата, додека во сабота кога е пазарен ден доаѓаат од други градови и се полни, сепак тешко е да се преживее, велат зад камерите некои продавачи овде, летото има живот поради иселениците, но откако ќе помине летото, тешко е да се преживее-вели репортерката на ТВ21, Салије Садику Пињоли.
АНКЕТА:
-Пред да дојдат иселениците беше многу слабо, значително послабо од лани, но со доаѓањето на иселениците, особено на албанското население, беше значително подобро и поминавме добри две-три недели со нив. Луѓето избегаа, секој ден младите го напуштаат КичЕво, бегаат од Северна Македонија и одат во Шенген зоната каде што имаат иднина.
Овие тезги кои се празни ги полнат само во сабота продавачи кои доаѓаат од други градови бидејќи сабота е ден за пазарење во Кичево.
Потсетуваме дека условите на овој пазар не се воопшто добри. Градоначалникот на општината неколку пати вети дека ќе го обнови и модернизира пазарот во овој град, но досега не се преземени конкретни чекори.

