Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави на самитот на лидерите на Европската унија дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му понудил 500 милиони евра од руски имот во замена Словачка да гласа за членство на Украина во НАТО, пишува денеска Политико.
Како што рече Фицо за време на самитот во четвртокот, Зеленски и понудил на Словачка 500 милиони евра замрзнати руски средства, кои Словачка се очекува да ги загуби откако Киев ќе го прекине трансферот на руски гас преку Украина од 1 јануари.
Според Фицо, условот била словачката поддршка за пристапување на Украина во НАТО, а словачкиот премиер ја одбил понудата.