Свет

Зеленски: На Украина и треба финансирање од најмалку 5 милијарди долари месечно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на „максимални“ санкции против Русија во онлајн обраќањето на Светскиот економски форум во Давос, објави Асошиетед прес.

Според него, за да се запре агресијата на Русија, санкциите против неа мора да бидат придружени со ембарго на нафта, блокирање на сите нејзини банки и целосен прекин на секаква трговија со руски компании.

„Еве ги санкциите: тие треба да се максимизираат, така што Русија и секој друг потенцијален агресор кој сака да започне брутална војна против својот сосед е јасно свесен за непосредните последици од овие дејствија“, рече Зеленски.

Според него, ова ќе биде преседан кој ќе функционира во наредните децении. Претседателот на Украина во својот говор инсистираше сите странски компании да се повлечат од Русија.

Зеленски, исто така, рече дека на Украина и треба финансирање од најмалку 5 милијарди долари месечно. „Да покривавме 100% од нашите потреби одеднаш, во февруари, животите на десетици илјади ќе беа спасени. Затоа на Украина и треба сето оружје што го бара, а не само она што беше испорачано“, заклучи тој. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговиот виртуелен говор на форумот во Давос.

Во петокот, земјите од Г7 се согласија да обезбедат 19,8 милијарди долари економска помош за Украина за зајакнување на нејзините финансии и способност да се брани, потсетува АП.

На настанот во швајцарското одморалиште учествуваше голема делегација на украинската влада. Таму годинава не се поканети руски претставници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни