Свет

Зеленски: Не се сомневам дека тоа не беше наша ракета

Зеленски: Не се сомневам дека тоа не беше наша ракета

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека, според него, експлозијата во која загинаа две лица во Полска не била предизвикана од украинска ракета.

„Не се сомневам дека тоа не беше наша ракета“, изјави тој за украинските медиуми.

Според него, експлозијата вчера била предизвикана од руска ракета. Тој рече дека својот заклучок го засновал на извештаите на украинската војска во кои „не можел а да не верува“.

Според него, на Украина досега требало да и се даде пристап до местото на експлозијата.

„Дали имаме право да бидеме во истражниот тим? Се разбира“, рече Зеленски.

Тој исто така рече дека Украина не добила понуда за мировни преговори од Русија. „Тие не комуницираат со нас“, рече Зеленски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни