Свет

Зеленски: По референдумите преговорите со Русија стануваат невозможни

Зеленски: По референдумите преговорите со Русија стануваат невозможни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека преговорите со Русија ќе станат невозможни по референдумите во самопрогласените ДПР и ЛПР, како и во регионите Керсон и Запорожје.

„Руската влада може официјално да објави дека референдумот е завршен и резултатите ќе бидат објавени. Тоа ќе го оневозможи продолжувањето на дипломатските преговори со претседателот на Руската Федерација“, рече Зеленски во интервју за американскиот телевизиски канал CBS.

Тој, исто така, повторно ги повика САД да и помогнат на Украина. Според него, Вашингтон во моментов му дава на Киев 1,5 милијарди долари месечно „за поддршка на буџетот“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни