Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека вооружените сили на Украина не се способни да ги вратат изгубените територии.
-Нашата армија не е доволно силна за да го направи тоа. Вистина е – изјави Зеленски во интервју за јапонската новинска агенција Кјодо, одговарајќи на релевантно прашање.
Тој додаде дека конфликтот во Украина влезе во „тешка фаза“.
Зеленски претходно инсистираше на тоа дека Украина треба да продолжи да се бори додека не ги врати државните граници како што беа во 1991 година. Сепак, Зеленски и неговиот шеф на кабинет Андреј Јермак во последните неколку недели почнаа да признаваат дека тоа нема да биде можно.