Македонија

Земјоделци и превозници од Пелагонија оштетени за над 140.000 евра

Земјоделци и превозници од Пелагонија оштетени за над 140.000 евра

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Н.(30) од село Долно Оризари, битолско, П.Н.(57)од с.Путурус, општина Могила и две правни лица од с.Долно Оризари.

Првопријавениот во текот на  2023 и 2024 година, во својство на овластено лице-управител во трето и четврто пријавените правни лица и второ пријавениот – сопственик на трето и четврто пријавеното правно лице довеле во заблуда 27 лица, од кои 25 земјоделци од пелагонискиот регион и две превозни претпријатија дека после извршен откуп на житни култури за одреден временски период ќе им платат и ги убедиле да ја предадат житната култура, со што вкупно им нанеле материјална штета во износ од 141.650 евра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни