Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија – епицентар кај Штип

Земјотрес попладнево во Македонија – епицентар кај Штип

Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер ја потресе Македонија.

Епицентарот на земјотресот е 4 километри северно од Штип, а 69 километри источно од главниот град.

Длабочината на земјотресот е 2 километри.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 30.03.2023 година регистрираше земјотрес 71 km источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16 часот и 21 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни